Loading widget...
More widgets

Lydia I Love You!!!

The joy of life consists in the exercise of one's energies, continual growth, constant change, the enjoyment of every new experience. To stop means simply to die. The eternal mistake of mankind is to set up an attainable ideal. Aleister Crowley

Friday, September 6, 2013

Односот помеѓи "Јас" и несвесното

...Разбирливо ми е само по себе, дека на оној кој не е аналитичар/практичар нема особено да му се допадне ова разложување за „субјективниот пристап“ и „објективниот пристап“.Но колку подлабоко се занимаваме со проблемот на соновите, толку повеќе доаѓаат предвид техничките гледишта на практичното лечење. За погорната постапка потребна е онаа неуморна принуда која на лекарот му ја носи секој потежок случај, затоа што секогаш мора да се настојува да се усовршат средствата така што ќе може да се пружи помош и во тешки случаи. Треба да се заблагодариме на тешкотиите во секојдневното лекување на болните кои нѐ присилиле да формираме сфаќања кои половично ги разнишуваат темелите на нашиот секојдневен менталитет. Иако субјективноста на сликите спаѓа во таканаречената сама по себе разбирлива вистина, сепак таквиот заклучок звучи по малку филозофски, што е непријатно за одредени уши. Зошто е тоа така, произлегува од претходно споменатиот факт дека наивната претпоставка на сликата се идентификува со објектот. Секое нарушување на ваквата претпоставка дејствува иритирачки на овој вид луѓе. Од истата причина делува несимпатично идејата за субјективниот пристап, бидејќи ова ѝ смета на наивната претпоставка на идентификацијата на свесната содржина со објектот. Нашиот менталитет го карактеризира тоа – како што јасно покажуваат случките за време на војната – дека со бесрамна наивност даваме суд за противникот, а во критиката која ја искажуваме за него, ги откриваме нашите сопствени маани. На противникот едноставно му се префрлаат сопствените, непризнати грешки. Сѐ се гледа во другиот, другиот се критикува и осудува, трудот и настојувањето се насочени за другиот да се поправи и воспита. Воопшто не е потребно за докажување на ова тврдење да поднесам на увид соодветна казуистика: најдобрите докази се наоѓаат во сите весници. Само по себе е разбирливо дека она што се случува на големо, исто така се случува и на мало и во поединецот. Нашиот менталитет е така примитивен што во одредени функции и подрачја се ослободил од примарниот, мистичен идентитет со објектот. Примитивниот човек има, при минимум самосвест, максимална врзаност за објектот, што врз него може да врши дури и директен магичен притисок. Целата примитивна магија и религија се заснова на овој магиски однос спрема објектот, кој не се состои од ништо друго освен од проекции на несвесните содржини во објектот. Од оваа почетна состојба на идентитетот постепено се развила самосвесност, која оди рака под рака со разликувањето на субјектот и објектот. Ова разликување има како последица увид во тоа дека извесни, претходно наивно на објектот припишани својства, се всушност субјективни содржини. Луѓето од античките времиња, додуша, веќе не верувале дека се папагали или браќа на крокодилите, но сѐ уште биле обвиткани со магиска мрежа. Во врска со ова, дури во 18 век препородот направи чекор напред. Но како што им е познато на сите, сѐ уште сме многу далеку од самосвесноста која би одговарала на нашето знаење. Кога за нешто се грижиме до избезуменост, тогаш никој не може да нѐ убеди дека причината на нашата лутина не се наоѓа целосно надвор од нас, во онаа непријатна работа или човекот. Понатаму, веруваме дека тие работи можат да нѐ налутат, евентуално дури и да ни го нарушат сонот или варењето. Оттаму, смело и неограничено го осудуваме предметот на пречката, а со тоа градиме несвесен дел во нас самите, кој е проектиран во омразениот објект. Вакви проекции има безброј. Тие со одреден дел се поволни, т.е. како мостови на либидото тие дејствуваат олеснително; со одреден дел се неповолни, но како пречка практично не доаѓаат предвид бидејќи неповолните проекции обично се населуваат надвор од кругот на интимните односи. Од ова невротичарот е исклучок – свесно или несвесно тој е така интензивно врзан за околината, што не е во состојба да го спречи влијанието на неповолните проекции и на блиските објекти и на тој начин да предизвика конфликти. Оттаму, тој е принуден – ако бара лек – своите примитивни проекции да го воочи во далеку поголема мера, отколку што тоа некогаш го прави нормален човек. Нормалниот прави додуша, исти проекции но овие се подобро одвоени; за поволните проектот е во близина, а за неповолните во најголема оддалеченост. Како што е познато кај примитивните е исто така – непознатото е непријателско и лошо. Кај нас уште во втората половина на средниот век „туѓината“ и „бедата“ биле зборови со исто значење. Оваа поделба е корисна заради што нормалниот човек не чувствува потреба овие проекции да ги приведе во свеста, иако таквата состојба е опасно лажна. Психологијата на војната јасно ја истакнала оваа состојба: добро е сѐ што прави сопствената нација, лошо - сѐ што прави другиот. Центарот на сите подлости на кавгите се наоѓа во оддалеченост од неколку километри зад непријателските линии. Оваа иста примитивна психологија ја има и поединецот, заради што иритира и секој обид кој оваа – низ вечноста несвесна – проекција би можел да ја приведе во свеста. Сигурно, да се сакаат подобри односи со ближниот, но природно под услов овие ближни да одговараат на нашите очекувања, т.е. да се доброволни носители на нашите проекции. Ако овие проекции се приведат во свеста, лесно доаѓа до влошување на односите кон другите луѓе, бидејќи недостасува илузорен мост преку кој можат слободно да лизгаат љубовта и омразата, преку кој можат да се пренесат и сите оние доблести кои сакаат да ги „подобрат“ и „издигнат“ другите, а кои лесно и поволно се пренесуваат на човекот. Како последица на ова влошување настанува застој на либидото, заради што се станува свесен за неповолните проекции. Тогаш се поставува задача на субјектот на сопствена сметка да ги пренесе сите оние нискости, односно ѓаволштини, кои смело им се припишуваат на другите и кои целиот живот претставувале извор на лутина. Она што ириртира во оваа процедура е од една страна убедување дека животот би бил значително поподнослив кога така би правеле сите луѓе, а од друга, чувство на жесток отпор против примена на овој принцип – и тоа сосем сериозно – кај самиот себе. Ако тоа го прави некој друг - не може да се посака ништо подобро, но ако човекот треба тоа сам да го направи, тогаш е неподносливо. Невротичарот со својата невроза е секако принуден да го направи овој напредок, но нормалниот човек не е, поради тоа нормалниот ја доживува оваа психичка пречка социјално и политички во облик на појава на психологија на масата, на пр. војни и револуции. Реалното постоење на непријателите на кои може да им се натоварат сите зла, значи очигледно олеснување на совеста. Човекот може барем смело да каже кој е ѓавол, т.е. станува јасно дека причината на несреќата се наоѓа некаде надвор а не во сопствениот став. Штом човекот стекнува увид во донекаде непријатните последици на сфаќањето на субјективниот пристап, се јавува замерка дека сепак е невозможно секоја лоша особина која нѐ лути кај другите луѓе, да ни припаѓа нам самите. На овој начин имено, големиот моралист, фанатичкиот педагог и поравачот на светот би излегле како најлоши. Не би имало малку да се каже ни за блискоста меѓу доброто и злото, за непосредната врска на паровите на спотивностите воопшто, но сепак тоа премногу би нѐ оддалечило од нашата тема. Секако дека не смее да се претерува со сфаќањето на субјективниот пристап. Се работи само за малку покритично одмерување на она што е во ред. Она што ми паѓа в очи на објектот, тоа ќе биде и вистинско својство на објектот. Но колку што е посубјективен и поафективен овој впечаток, толку повеќе тоа својство треба да се сфати како проекција. Притоа, меѓутоа мораме да спроведеме суштинско разликување помеѓу вистински постоечките особини на објектот, без кои не би била веројатна проекцијата на објектот, и вредноста или значењето односно енергијата на ова својство. Не е исклучено некое својство да се проектира на објектот од кое во реалноста едвај постои трага кај објектот (на пр. проекција на магиските квалитети во неживи објекти). Поинаку стои работата со обичните проекции на карактерните својства или моменталните ставови. Во овие случаи често објектот на проекција дава одредена можност, дури и ја предизвикува оваа. Ова другово е случај тогаш кога објектот сам не е свесен за својството; на тој начин тоа делува на несвесното на другиот бидејќи сите проекции поттикнуваат противпроекции таму каде објектот не е свесен за својството проектирано од субјектот; како што на аналитичарскиот „пренос“ следува одговор во облик на „противпренос“, кога преносот ја проектира содржината за која ни самиот лекар не е свесен, но кој наспроти тоа, е присутен во него. Тогаш противпреносот исто така е со цел и смисловно или попречувачки како и преносот на пациентот, бидејќи и тој тежнее да го воспостави оној подобар извештај, кој е неопходен за воочување на извесните несвесни содржини. Противпреносот е како и преносот нешто присилно, принудно затоа што претставува „мистичен“, т.е. несвесен идентитет со објектот. Против ваквите несвесни врски понекогаш постојат свесни отпори, кога ставот на субјектот е таков што своето либидо го дава единствено доброволно не дозволувајќи субјектот да се намами или оттргне; несвесни, кога субјектот најмногу сака да му се одземе либидото. Заради тоа преносот и противпреносот создаваат, доколку нивните содржини останат несвесни, ненормални и неодржливи врски, кои имаат за цел сопствено уништување. Исто така и кога во објектот може да се најде трага на проектираното својство, и тогаш практичното значење на проекцијата е сепак чисто субјективно и паѓа на товар на субјектот, при што неговата проекција му доделила преголема вредност на тоа својство. Ако проекцијата одговара на својството кое навистина постои во објектот, сепак проектираната содржина постои и кај субјектот, каде што тој создава еден дел од слика-објектот. Самиот слика-објект е со различна психолошка големина која зависи од забележувањето на објектот; тој е и покрај сите забелешки а сепак на основа на сите забелешки на постоечките слики, чие самостојно живеење останува несвесно се додека не се стопи сосема со вистинското живеење на објектот. Оттаму свеста не ја признава самостојноста на сликата, туку несвесно ја проектира во објект, т.е. стапува со самостојноста на објектот. На тој начин секако, на објектот во однос на субјектот му се придава присилен карактер на реалноста односно претерана вредност. Оваа предност се заснова на проекции односно на априорниот идентитет на сликата со објектот, со што надворешниот објект е истовремено и внатрешен. На овој начин надворешниот објект по несвесен пат може директно да врши непосредно психичко влијание на субјектот, со тоа што тој преку својот идентитет со сликата се наоѓа така речи со едната рака во психичкиот погон на субјектот. Така објектот може да добие „магична“ сила над субјектот. Соодветни примери за ова можат да дадат примитивните луѓе кои на пр. со своите деца или со другите објекти за кои претпоставуваат дека имаат душа, постапуваат така како што постапуваат со сопствената психа. Тие не се осмелуваат да направат ништо против нив, од страв да не го навредат детето или душата на објектот. Оттаму, децата остануваат невоспитани до пубертетот кога се подложуваат на често сурово дополнително воспитување (иницијација)... -K.Г.Јунг

0 comments:

Post a Comment