Личноста е комплициран систем на однос помеѓу индивидуалната свест и заедницата, некаков вид на маска која од една страна има за идеја да изврши одреден впечаток на другите, а од друга страна да ја прикрие вистинската природа на индивидуата. Дека ова второво е вишок може да тврди само оној кој со својата личност е идентичен во толкава мера, така што повеќе не се познава самиот себе; а дека она првото не е неопходно може да си вообразува само оној кој не е свесен за вистинската природа на своите ближни. Заедницата очекува, односно мора да очекува од секоја индивидуа по можност, што поцелосно да ја игра доделената улога, значи, некој кој е свештеник, не само објективно да ја извршува својата службена функција, туку и во секое време и под сите услови без двоумење да ја игра улогата на свештеник. Заедницата ова го бара како некој вид сигурност; секој мора да остане на своето место, еден е чевлар, друг поет. Не се очекува едниот да биде и двете. Не е ни препорачливо да биде и двете, затоа што тоа би било крајно непријатно.. Еден таков би бил „поинаков“, различен од другите луѓе и со тоа несигурен. Во академскиот свет тој би бил >>дилетант<<, политички >>непресметлива<< големина, религиски >>слободен дух<<, накратко, на него би паднал сомнеж на недоверливост и недостаток, затоа што заедницата е убедена дека само чевларот, кој не е во исто време и поет, може да направи професионално квалитетни чевли. Едноличноста на личната појава е практично важна работа, затоа што просечниот човек, како таков единствено познат на заедницата, мора својот ум да го ангажира околу една работа, како би можел да создаде нешто вредно, затоа што две за него би било премногу. Нашата заедница е неоспорно подложена на вакви идеали. Затоа не е чудно ако некој кој сака да придонесе нешто мора да ги земе предвид овие очекувања. Затоа конструкцијата на вештачката личност станува неопходност која не може да се отфрли. Барањата за пристојност и добри обичаи го сочинуваат останатото за мотивација за стекнување на корисна маска. Зад таа маска, тогаш, се создава она што се нарекува >>приватен живот<<. Оваа доволно позната поделба на свеста на две, често смешно различни фигури, претставува одлучувачка психолошка операција, која не може да остане без последици на несвесното.
К.Г.Јунг
Wednesday, September 4, 2013
Корисна маска на индивидуалноста
11:40 AM
No comments
Subscribe to:
Post Comments (Atom)






0 comments:
Post a Comment