Loading widget...
More widgets

Lydia I Love You!!!

The joy of life consists in the exercise of one's energies, continual growth, constant change, the enjoyment of every new experience. To stop means simply to die. The eternal mistake of mankind is to set up an attainable ideal. Aleister Crowley

Friday, October 18, 2013

Анимата како автономен комплекс

Секако дека не е случај што од зборот персона произлегуваат нашите модерни поими persönlich (лично) и persönlichkeit (личност, карактер). Како што за моето Јас можам да тврдам дека тоа е лично или личност, така исто можам да речам и за мојата персона дека таа е личност со која повеќе или помалку се идентификувам. Фактот дека во тој случај всушноист имам две личности не е за чудење доколку секој автономен или само релативно автономен комплекс има својство да настапува како личност, односно персонифициран. Ова најлесно може да се набљудува кај таканаречените спиритистички манифестации, автоматско пишување и слично. Произведените реченици се секогаш лични искази, изнесени во личната Јас-форма, како кога зад секој изнесен фрагмент на реченицата би стоела и личност. Затоа, наивниот разум веднаш мора да помисли на духови. Слично може да се набљудува и кај халуцинациите на душевно болните, иако овие често се многу појасни од првите мисли или фрагменти од мисли, чија врска со свесната личност често може да ги согледа без проблем.
Склоноста на релативно автономните комплекси непосредно да се персонифицираат исто така е причина зошто персоната настапува „лично“ во толкава мера, така што Јас без поголеми потешкотии може да западне во сомнеж која е неговата „вистинска“ личност.
Истото тоа што важи за персоната и воопшто за сите автономни комплекси, важи и за Анимата – таа е исто така личност, и од таа причина лесно може да се проектира врз жената, т.е. таа, сè додека е несвесна секогаш е проектирана, затоа што сè што е несвесно е проектирано. Првиот носител на сликата на душата секако дека е мајката. Подоцна тоа се оние жени кои ги возбудуваат човечките чувства, сеедно дали во позитивна или во негативна смисла. Затоа што мајката е носител на сликата на душата, одвојувањето од неа е колку деликатен, толку и важен момент од воспитно значење. Затоа веќе кај примитивните народи среќаваме голем број обичаи кои организираат одвојување. Не е доволно тоа што единката пораснала ниту само надворешното одвојување, потребни се посебно впечатливи церемонии на обрежување на мажот и повторно раѓање, како ефикасно би се спровело одвојувањето од мајката (а со тоа и од детството).
Како што таткото делува како заштита од опасноста на надворешниот свет и на тој начин за синот станува пример за персона, така мајката му е заштита од опасности кои се закануваат од темнината на неговата душа. По пат на иницијација мажот ги дознава и запознава дотогаш непознати и неостварени нешта, така што е во состојба да се лиши од мајчината заштита.
Модерниот човек мора да се лиши од овие, наспроти сиот примитивизам во основа земено извонредни воспитни мерки. Последица на тоа е тоа што Анимата во форма на имаго мајка се пренесува на жената, така што мажот штом се ожени, станува детинест, сентиментален, зависен и покорен или во друг случај кавгаџија, тиранин и чувствителен, секогаш сконцентриран на својата машкост. Ова второво секако е само пресврт на првото. Заштитата против несвесното, што му значела мајката на модерниот човек не му е заменета со ништо, поради што неговиот брачен идеал е несвесно обликуван така што неговата жена доколку како било е возможно мора да ја преземе магичната улога на мајка. Под параванот на идеалниот брак тој всушност бара заштита кај мајката и така заводнички излегува во пресрет со поседничкиот инстинкт на жената. Неговиот страв од темните неочекуваности на несвесното ѝ дава на жената легитимна моќ и бракот го обликува во „интимна заедница“, која секогаш се заканува да се распадне поради внатрешна напнатост – или тој поради протест го прави спротивното од ова но со ист успех.
Мислам дека кај извесни модерни луѓе постои неопходност да се погледне само својата различност од персоната, туку и од Анимата. Како нашата свест воглавно гледа кон надвор, внатрешните работи остануваат во мрак. Како што човекот е навикнат срамежливо да ја премолчува оваа друга страна (можеби и трепери пред својата жена плашејќи се дека може да биде издаден), и ако е откриен, покајнички да ја признае својата „слабост“, тоа обично како единствена воспитна мерка останува по можност човекот да ги потиснува слабостите или барем да ги крие пред другите. Но со тоа не се постигнува ништо.
К.Г.Јунг


0 comments:

Post a Comment