...најпрво ќе ја разгледаме цепливоста. Иако ова најјасно се забележува во психопатологијата, сепак во основа ова е нормален феномен, којшто најлесно може да се препознае во проекциите на примитивната психа. Цепливост значи дека делови од психата се одделуваат од свеста во таква мера, така што истите не се појавуваат само како туѓи, туку истовремено водат и автономен, сопствен живот. При тоа не мора да станува збор за хистерични двојни личности или за шизофрени алтернации на личноста, туку само за комплекси во границите на нормалното. Комплексите се психички фрагменти, кои настануваат поради трауматските влијанија или извесни некомпатибилни тенденции. Како што докажува асоцијацискиот експеримент, комплексите интерферираат со волевата интенција и ѝ пречат на свеста;тие му пречат на сеќавањето и доведуваат до застој во дотокот на асоцијациите; тие се појавуваат и исчезнуваат, следејќи ја својата сопствена регуларност; тие попатно ја опседнуваат свеста но на несвесен начин влијаат на говорот и на акциите. Тие се однесуваат како самостојни живи суштества што посебно јасно се забележува во ненормалните состојби. Во гласовите на душевно болните дури попримаат личен Јас-карактер, слично на духовите кои своето присуство го оддаваат со автоматско пишување или со слични техники...
К.Г.Јунг
Friday, September 6, 2013
Комплекси
12:46 PM
No comments
Subscribe to:
Post Comments (Atom)






0 comments:
Post a Comment